Без конкуренција за тренер на ова 8.коло, барем според „СпортСпорт“, е прогласен стратегот на Струга ТЛ, Бледи Шкемби. И не само поради тие 6:0 со Арсими туку поради фактот дека неговиот тим речиси да одигра перфектно. Ова беше најдобар меч сезонава на стружани а веројатно еден од најдобрите на овој тим под водство на стратегот од Албанија. Интересно, иако по првиот дел беше 0:0, Шкемби изјави дека тој е позадоволен од играта на својот тим во тоа полувреме, секако дека им честита на играчите за изданието во второро полувреме кога Радески и другарите просто ја наполнија мрежата на Арсими.
Сега веќе е јасно дека Струга ТЛ нема намера да ја повтори грешката од лани, туку сака најмалку излез во Европа во оваа сезона. Дома е перфектна, пет победи на исто толку мечеви со гол-разлика 15:0.Уште ако успее и на гости да почне да победува, тогаш нема дилеми дека Струга ТЛ и тоа ќе биде сериозен кандидат за титулата.















