Македонска кик бокс историја: Глигор Николов е светски првак, Калин Бабоски во битка за златен медал

67

Македонскиот кик бокс добива уште еден шампион во своите редови. Младиот Глигор Николов го освои првото злато за Македонија на Светското кик бокс првенство за јуниори во Лидо де Јесоло.

Николов во финалето салвеше против Хасан Алајаров од Азербејџан со 3:0.

Од друга страна пак, уште еден наш птерставник на оваа манифестација ќе има шанса да се закити со одличје.

Калин Бабоски утре ќе се бори за златен медал откако во полуфиналето го совлада Сабир Алиби од Казахстан со 3-0.

Преходно денес Драгица Глигорова се закити со бронзен медал.

Пресотанува финалната борба на Томи Андонов.

 Резултати Светско првенство за јуниори:

Лоу кик
Млади јуниори
-67 кг
Глигор Николов – Мухамедиброхим Рафикжонов (Киргистан) 3-0
Глигор Николов – Јоанис Апостолу (Грција) 2-1
Полуфинале
Глигор Николов – Канатулу Мансур (Казахстан) 3-0
Финале
Глигор Николов – Хасан Алајаров (Азербејџан) 3-0

Постари јуниори
-63,5 кг
Калин Бабоски – Султанмурод Раимкулов (Узбекистан) 3-0
Калин Бабоски – Еван Колинс (Ирска) 3-0 ¼ финале
Полуфинале
Калин Бабоски – Сабир Алиби (Казахстан) 3-0
Финале
Калин Бабоски – Матви Куијавец (Украина)

 Кик лајт
К-1
Помлади јуниори
+81 кг
Полуфинале
Томи Андонов – Ахмед Каикенов (Казахстан) 3-0
Финале
Томи Андонов – Алекса Алексов (Србија)

ПретходноЛига Нации: Зидан денеска ќе го има своето деби, “новата“ Италија против Белгија
СледноИвица Обрван и Хрватска со прва победа на „Трофеј Македонија“