Денеска во СЦ „Билјанини Извори“ се одржа првиот женски ракометен форум во организација на Ракометната федерација на Македонија. Целта е дополнително да се придонесе кон развојот, видливоста и унапредувањето на женскиот ракомет.
Под мотото „One game. One voice. One future.“, форумот обедини пет големи имиња од регионалниот, европскиот и светскиот ракомет на едно место, со една заедничка тема – иднината на женскиот ракомет.
Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ ги споделија своите лични и професионални приказни: од првите чекори во ракометот до најголемите натпревари и освоените медали.
На Форумот беа присутни сите четири земји учеснички на „Трофеј Македонија“: Македонија, Црна Гора, Србија и Хрватска, како и екипи од нашата земја и млади ракометарки кои сакаа од лице место да ја слушнат приказната на шампионите.
Тие говореа на неколку теми: „Мојот пат“, „Цената на успехот“, „Животот надвор од теренот“, „Балканот и жеснкиот ракомет“ и „Поголема видливост на женскиот ракомет“.
„Знаеме сите колку е важно да зборуваме за женскиот ракомет, затоа голема благодарност до Ракометната Федерација на Македонија за поканата. Сметам дека секоја спортистка треба да ја водат љубов и дисциплина. Мотивацијата не е константна, држете дисциплина..
Повредата на ахилова тетива за мене беше најтешкиот период, тогаш мислев декаа трчањето ќе биде невозможно за мене. Но оваа ситуација ме натера повторно да учам за себе, од опоравувањето до моментот кога се вратив на терените. Нашиот спорт има подеми и падови, опкружете со позитивни луѓе од пријатели до тренери. Мислам дека човекот не треба да биде сам, туку со луѓе на кои им веруваат за тешките моменти. Бев многу дисциплинирана, да не беше тоа немаше да успеам, љубовта кон спортот беше главна водилка.
Критичарите доаѓаат и поминуваат. Патот од почетокот до крајот на вашата кариера е најважниот медал, ќе сретнете голем број пријатели“, порача Андреа Лекиќ.
Беше отворена и темата за спортиските кои сакаат да се реализираат како мајки, тука и натаму за жал голем дел од девојките имаат проблем, бидејќи се условени од страна на клубовите.
„Ако системот е составен од вистински од клубови до федерација би било многу полесно за спортиските да се реализираат како мајки. Мора да им поногнат на девојките кои имаат желба да се остварат. За жал многу девојки имаат клаузули во договорите во кои им е забрането да станат мајки, други пак им го раскинуваат договорот“.

Се отвори и темата за коментарите од страна на социјалните мрежи, па и од страна на новинарите.
„Кога бев млада коментирите ми паѓаа коментарите, но ние во Србија имаме нешто што се вика инает. Најтешко е да ја преспиеш таа ноќ после коментарите, додека дојде следниот меч. Во спортот е океј да загубиш, најважно е да го дадеше максимумот…кога сама си свесна дека си сторил се, коментарите немаат веќе значење“, кажа Драгана Цвијиќ и порача:
„Ќе те осудуваат ќе те чекаат на грешка, но не треба да се откажувате…борби, падови и подеми“.
Индира Кастратовиќ испрати порака дека не е доцна да се почне со спорт, она што е најважно родителите да ги поддржуваат своите деца, а не да ги критикуваат.
„Покасно почнав со ркаомет, имав 16 години, никогаш не е доцна… бидејќи сум од Босна, во моетот семејство никој не се занимваше со ракомет, она што би сакала тогаш е да советуваа моите родители…Во денешно време најчеста пракса се критиките, што е сосема погрешно… родителите треба да ги поддржуваат. Децата треба да се фокусираат на тренерите, а родителите да бидат поддршка“, рече Кастратовиќ.
Лидија Хорват порача дека нема лесен пат…
„Постоеше момент кога ќе сфатиш стагнираш, мораш да одлучиш дали ќе останеш на тоа ниво и да го дадеш максимумот за да продолжиш напред. Без работа нема ништо. Жртвуваш прослави, семејни собири, летувања, секогаш постои некоја жрвта, најважно е да имаш семејство кое ќе те разбере и ќе те поддржи. Ако ги немаш вистинските луѓе ќе се чувствуваш сам, но ракометот е убава приказна. Да се родам повторно, пак ќе го одберам овој спорт“.
На крајот на Форумот петте панелистки потпишаа декларација која претставува почеток на заедничка иницијатива за поврзување на женската ракометна заедница во Македонија и регионот и создавање подобра иднина за генерациите што доаѓаат.
А сите присутни имаа шанса да се сликаат со своите идоли.










