Головите се проблем за македонскиот фудбалски национален тим во моментов. Веќе неколку мечеви како не се тресе противничката мрежа, па нормално е, кога станува збор за ова прашање да бидеме и загрижени пред стартот на најновото издание од Лигата на Нациите за нас.
Вечерва на Арената Тодор Проески во Скопје од 20:45 часот ја пречекуваме Швајцарија во рамките од првото коло. Ако сакаме поволен резултат, секако дека мора да реализираме. Тука се напаѓачите, тука се и офанзивните играчи за врска, но не ретко и стоперите, дефанзивците знаеле да погодат кога било најпотребно.
Конкренто, кога е во прашање Лигата на Нациите, ова е петто нејзино издание. Македонија нормално беше дел од сите изминати, но разликата е во тоа што не секогаш беше во ист дивизија.
Сме имале добри издание, сме имале и лоши, а што се однесува до головите, статистиката вели следново.
Капитенот Енис Барди е нашиот најефикасен репрезенаттивец во ова натпреаврување. Тој има вкупно шест постигнати голови, по два во три поединечни изданија на ЛН.
Следен е Езџијан Алиоски, кој што има гол помалку, односно пет. Следен од сеуште активните репрезентативци е Бојан Миовски кој што во моментов има застанато на четири. Следуваат оние кои што веќе не се дел од А националниот тим. Илија Несторовски застана исто така на четири гола, додека пак Александар Трајковски и Горан Пандев реализирале по три пати. Иван Тричковски на два пати се запишал во листата на стрелците, листата на оние кои што постигнале по еден гол е поприлично голема.










