Супер-драма во Куманово, МЗТ Скопје го освои Супер-куп трофејот!

110

МЗТ Скопје повторно го освои пехарот во Супер-Купот (вкупно деветти во својата историја), по голема драма актуелниот македонски првак успеа да слави против Куманово со 70-68. Триумфот е целосен заслужен, ако се земе во предвид дека „сино-белите“ го имаа водството во голем дел од мечот. На другата страна останува Куманово да жали што не искористи шанси големиот јубилеј 80 години од постоење на кошарката да го прослави со историски трофеј.

Интересно прво полувреме видовме во салата во Куманово. Домааќинот подобро го отвори дуелот, поведе со 4-7, на средината на првата четвртина со поените на Крстевски запиша плус осум (8-16). МЗТ Скопје имаше одговор, Николиќ, Војдан Стојановски и Лука Стојановски донесоа изедначување 18-18. После првите десет минути беше 22-21. Слична игра беше и во вториот период, со тоа што актуелниот првак го диктираше водството, најголемото беше плус шест 39-33.

После одморот МЗТ Скопје под водство на Војдан и Лука, успеа да поведе со највисоки до овој момент плус 8 (51-43), на другата страна Куманово одговори со шест поени во низа за 51-49. Војдан постигна важна тројка за 58-51 пред стартот на последните десет минути.

Последната четвртина, барем првите четири минути, не понудија квалитетна игра. МЗТ Скопје во едно вакво скромно издание го запиша првото двоцифрено водство 64-51. На другата страна домаќинот беше доста нервозен, често пати знаеше да реагира на судиските одлуки, а токму во овој период дојде и до мало „препукување“ помеѓу кошаркарите.

МЗТ Скопје поведе и со 70-60, но Куманово во последната минута успеа да приреди драма и да дојде на минус два 70-68 и не реализира напад за изедначување за голема радост во редовите на скопскиот состав.

Фаракан со 20 поени беше прв стрелец, зад него беше Војдан со 16 поени. На другата страна Стајиќ имаше 16 поени.

ПретходноПознати се стартните состави: Седлоски почнува со Гаштаров во средниот ред!
СледноАлкалоид рутински до победа за “четири од четири“