Втора победа на „Трофеј Македонија“: Нашите ракометарки ја победија Хрватска!

123

Македонската женска ракометна репрезентација на последниот натпревар на „Трофеј Македонија 2026“ запиша победа, откако против Хрватска славеше со 25-22. Со вториот триумф Македонија го освои второто место, додека пехарот оди за Црна Гора.

Најдобар стрелец на овој меч бепе Ристовска со шест гола, но клучниот играч за победа беше Џатевска која во одлучувачките моменти постигна два од вкупните четири погодоци. Четири гола имаше и Дамјановска.

Одлично прво полувреме за нашите ракометарки, отворија со 5-1. Овој пат селекторот, Игор Марковиќ имаше подготвено посебна одбрана за Хрватска, Седлоска беше напред. „5-1“ функционираше одлично. Во 19-та минута Македонија поведе со 9-4, пропушти напад за плус 6. Но, нашите девојки продолжија во ист ритам, водеа со 10-5 и 12-7, позитива која „црвено-жолтите“ ја имаа на одморот (14-9).

Сликата се промени во вториот дел, Хрватска со четири гола во низа дојде на 14-13. Ризоска го прекина налетот на противникот, во 37-та минута го постигна првиот гол за Македонија. Нашите девојки се издигнаа, со цврста одбрана и со два гола, во релизација на Јанкуловска и Ристовска, Македонија поведе со 17-14 во 43-тата минута. Сепак неизвесноста продолжи, Хрватска постојано пристискаше, на стартот на 50-та минта дојде до прво изедначување 19-19.

Ристовска со два гола и Кипријановска зголемија на 22-19 во 54 минута, на другата страна Ивица Обрван повика тајм-аут. Во завршните минути и двата селектори играа „седум на шест“, противникот повторно израмни (22-22). Џатевска со два гола зголеми на 24-22 и ја најави победата.

ПретходноБугарите дома поразени и од Луксембург
СледноСара Ристовска е најдобар стрелец на „Трофеј Македонија“