Македонија – Русија 2:3 во пријателски меч на селекции до 21 година, кој се одигра попладнево на ФФМ во Скопје. Ова значи дека новиот селектор на нашата репрезентација, Александар Таневски, тргна со пораз.
Интересно е да се каже дека дури четири од петте голови паднаа од удари од белата точка. Игор Стојчевски и тоа како беше расположен да “дува“ пенали. Навистина пеналите беа “смешни“, но тоа е тоа.
Македонија имаше свои шанси, па и зицери, пред се на Мехмед, Масларов, Манојлов, ама гостите поведоа со голот на Окишор од пенал. Во 57.минута Бобер погоди за 0:2, исто од белата точка.
Ташовски намали во 79.минута од пенал на 1:2, додека на 1:3 зголеми по Ахмедов само две минути подоцна. Конечните 2:3 беа дело на Ташовски, исто од пенал, ова беше негов втор гол.
Светла точка во нашиот табор беше голманот Вргов.
Веќе на 1 октомври во Битола во рамките на квалификациите за ЕП играме со Црна Гора, додека четири дена подоцна гостуваме кај Шведска.
За Македонија настапија: Вргов, Радески, Велков, Мурати, Атанасовски, Шаботиќ, Масларов, Хоџа, Манојлов, Џангаровски и Мехмед.
Играа уште и: Митрев, Танчев, Димовски, Трпевски, Арифи, Ташев, Ташовски.
За Русија настапија: Терековски, Бабакин, Платонов, Брдачев, Кмарин, Умников, Комисарев, Бондарев, Помаљук, Окишор, Бобер.
Играа уште: Кондаков, Пополитов, Глотов, Чевардин, Касаџиков, Ахмедов.














