Првиот човек на португалскиот фудбал замина во Данска да го гаси „пожарот“ кој го напрaви Роналдо

247

Претседателот на Португалската фудбалска федерација, Педро Проенса, отпатува за Копенхаген со цел да ја смири ситуацијата околу Кристијано Роналдо и селекторот Жорже Жезус.

Тензиите се појавија откако Роналдо остана на клупата во победата на Португалија над Норвешка со 2:1 во Лигата на нации. Иако се загреваше во текот на натпреварот, 41-годишниот капитен не доби минутажа.

Според португалските медиуми, Жезус претходно му најавил на Роналдо дека ќе влезе во игра, но планот бил променет. Напаѓачот потоа не учествувал ниту на еден дел од тренингот со тимот, туку работел индивидуално во хотелот.

Проенса во Копенхаген треба да посредува меѓу капитенот и селекторот пред натпреварот со Данска. Според информациите од Португалија, разговорите досега поминале во позитивна атмосфера и несогласувањата се сметаат за надминати.

ПретходноШок во бугарскиот фудбал: Убиен сопственикот на Ботев Пловдив
СледноНов проблем за Мурињо, уште еден дефанзивец во „аут“