И оваа сезона Горска ќе биде дел од Бизнис Лигата, со задача да се грижи за освежување на натпреварувачите и да придонесе за уште подобра атмосфера за време на натпреварите.
На прес-конференцијата свои обраќања имаа проект-менаџерите на Бизнис Лигата Младен Ѓуроски и Филип Николовски, како и комесарот на лигата Марјан Казаковски. Тие им посакаа на сите компании успешна сезона, пред сè исполнета со фер-плеј, добра игра, дружење и забава, со традиционалната порака дека и оваа сезона ќе победи подобриот.
На прес-конференцијата се обрати и директорот на Т-Арена „Борис Трајковски“, Данијел Апостолоски, кој го потврди континуитетот на соработката со Бизнис Лигата на Македонија

Во сезоната 2026/2027, 27-те компании се поделени во две групи:
ГРУПА А: Лукоил, Алкалоид, ЕЛЕМ, Стопанска Банка, ЕВН, Окта, Халк Банка, Аџибадем Систина, Атлантик Груп, Тиквеш, НЛБ Банка, ЈСП, Македонија Осигурување и Т-Арена – Борис Трајковски.
ГРУПА Б: Матрикс, Сигал Иншуренс Груп, Нетцетера, Ван Хоол, ТАВ, Макстил, LC Waikiki, Алма М, А1, AXM 365, Пожарна, Гранит и Нелт.










