МЗТ Скопје подобар од МКК Куманово: Шампионот со победа тргна во новата сезона!(ФОТО)

56

Вечерва во салата “Јане Сандански“ во Скопје, на отворањето на новата сезона во нашата елитна кошаркарска лига, домашниот состав на МЗТ Скопје стартуваше со победа и тоа против МКК Куманово со 85:77.

Ова воедно беше и реприза од Суперкупот, одигран пред неколку дена на кој исто така триумфираше шампионот.

Интересен, квалитетен меч во кој гостите си имаа свои моменти, но сепак МЗТ Скопје заслужено дојде до победата.

Во првата четвртина беше израмнето, се водеше голема битка под обрачите за да на крајот беше 19:19.

Домашните се чини дека дојдоа до победата благодарение на втората четвртина која ја добија со 33:19. Во второто полувреме избраниците на Маринд Докузовски смогнаа сила да се врата во игра, во финишот имаа можност и да дојдат до шанса за подобар резултат, но МЗТ Скопје умешно знаеше како треба да ја сочува предноста за да на крајот ја слави првата победа во новата сезона. Од друга страна МКК Куманово уште еднаш покажа дека ќе си има свои амбиции во новата сезона.

Најефикасен на мечот беше Мекиќ со 24 поени со што покажа дека е големо, огромно засилување на кумановци. Кај домашните Тадиќ запиша 15 поени, како и Ворнер.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.

ПретходноПортугалската федерација во обид за помирување на Жезус и Роналдо
СледноЖРК Вардар со пораз на првиот меч со Бриксен