Сеул ја потврди кандидатурата за домаќин на ЛОИ 2036

24

Градоначалникот на Сеул, О Се-хун, смета дека главниот град на Јужна Кореја е „идеален избор“ за домаќин на Летните олимписки игри во 2036 година. Тој порача дека Сеул има огромно олимписко наследство од Игрите во 1988 година, а голем дел од спортската инфраструктура и денес е во функција.

Дополнителна предност е изградбата на новиот „Џамсил“ спортско-бизнис комплекс, чија изградба треба да заврши до 2031 година. О Се-хун е подготвен Сеул да биде и коорганизатор со провинцијата Северна Џеола, која официјално ја претстави кандидатурата на Јужна Кореја за Олимпијадата.

Сепак, тој предупреди дека заедничката организација со градови како Џеонџу би создала логистички проблеми, особено околу транспортот и сместувањето. Јужна Кореја е меѓу седумте кандидати кои во моментов се во прелиминарни разговори со ИОК за Игрите во 2036 година, а конечната одлука за домаќинот се очекува во 2029 година.

ПретходноРаботнички со четири нови засилувања пред новата сезона
СледноТрет меѓународен атлетски крос за пионери во Скопје