ОК Работнички е освојувач на „Чајка“ Супер Купот во женска конкуренција (ФОТО)

34
ФОТО:ОФМ/Вангел Тануровски

ОК Работнички е освојувач на Чајка Супер купот на Македонија 2026 во женска конкуренција откако со 3:0 (25:16, 25:23, 25:21) го совлада тимот на ОК Вардар.

Работнички Скопје имаше сигурно отворање на дуелот додека вардарки делуваа како да им е потребно дополнително време за да “влезат” во мечот.

По водството на Работнички Скопје од 1:0 во сетови Вардар ЕМ понуди многу поголем отпор, па егал се играше во следните два сета. Резултатска неизвесност, пресврти и убави поени.

Сепак на крајот одбојкарките на актуелниот шампион предводени од МВП играчот Тамара Атанасова стигнаа до првиот Супер куп во клупската историја.

ПретходноОва е реакцијата на Барселона по простувањето на Меси од репрезентацијата на Аргентина (ФОТО)
СледноМагдебург со триумф кај Келце за “три од три“, ПСЖ убедлив дома