Ѕвездата на НБА лигата стана дел од сопствениците на Атлетико Мадрид

27

Една од најголемите ѕвезди на НБА-лигата, Шeј Гилџес-Александер, официјално стана дел од акционерската структура на Атлетико Мадрид. Шпанскиот клуб потврди дека канадскиот кошаркар, кој настапува за Оклахома Сити Тандер, инвестирал во Атлетико, но не го објави процентот на акциите што ги стекнал.

„Возбуден сум што официјално се приклучувам на акционерската група на Атлетико Мадрид. Ова е клуб со долга традиција на највисоко ниво во европскиот фудбал и благодарен сум за можноста да бидам дел од неговата иднина“, изјави Гилџес-Александер.

Дваесет и осумгодишниот кошаркар е една од најголемите ѕвезди на светската кошарка. Тој ја предводеше Оклахома Сити до титулата во НБА во 2025 година, кога беше прогласен и за најкорисен играч во финалето.

Со неговото вклучување, Атлетико добива уште една светски позната спортска личност во својата акционерска група, што може да придонесе и за поголема меѓународна препознатливост на клубот.

ПретходноМладиот Арабел Рустемовски обезбеди најмалку бронза на ЕП до 17 години
СледноСтоле на трибини, Валенсија со четврта победа во Евролигата (ВИДЕО)