Силекс има проблем, нема победа од август

75
ФОТО:FFM.MK

Очигледно дека тимот на Силекс, секако еден од најквалитетните во домашниот ПМФЛ шампионат, има проблем на реултатски и играчки план во моментов.

Кратовци не можат да обезбедат победа, и три бода веќе со месеци. Денеска имаа шанса тоа да го сторат во Гостивар против Арсими во рамките од новото 9. коло од ПМФЛ шампионатот но тоа не се случи. Мечот заврши 1:1, што ќе рече дека Силекс нема победа веќе шест меча.

Последен пат избраниците на тренерот Александар Васоски се радувале на три бода на 15 август во рамките од третото коло кога го победиле тимот на Скопје со 3:0.

Оттогаш наваму трае серијата без победа. Десетте бода по девет одиграни мечеви секако се премалку за Силекс екипа која што има сериозни амбиции на домашна сцена.

ПретходноАрсенал со пресврт до триумф против Лидс
СледноПросинечки е новиот селектор на Бугарија!?