Во последниот меч од денешната програма од 2.коло во нашата кошаркарска Суперлига, МЗТ Скопје успеа да слави како гостин кај Кожув со 73:81.
Веднаш треба да се каже дека гевгеличани одлично го почнаа мечот, па по првата четвртина имаа водство од 26:18. Едноставно се им одеше од рака.
Сепак уште во втората четвртина МЗТ Скопје покажа кој е шампион. Го доби овој период со 16:25, потоа и третата четвртина ја реши во своја корист со 15:22 и тоа беше тоа.
Во самиот финиш кошаркарите на Кожув се обидоа да се заканат, да дојдат во позиција за пресврт, намалија на -6 на 28 секунди до крајот, но немаа сила за нешто повеќе.
Најефикасен во домашниот состав со 17 поени беше Армстронг, додека кај гостите Маслинко и Николиќ запишаа по 19 поени.
Па така МЗТ Скопје дојде до втората победа сезонава, додека домашниот тим го претрпе првиот пораз.










