Легендарниот кениски маратонец Елиуд Кипчоге триумфираше на маратонот во Мелбурн, поставувајќи нов рекорд на патеката со време од 2:09:10 часа. Двократниот олимписки шампион има 41 година, но уште еднаш покажа дека може да се натпреварува на највисоко ниво.
Кипчоге до победата стигна во својот прв настап на маратонот во Мелбурн, откако се одвои од ривалите во последните десет километри. Второто место му припадна на Австралиецот Томас До Канто со време од 2:10:35 часа, додека неговиот сонародник Рис Едвардс заврши трет со 2:14:33 часа.
За Кипчоге ова е прва победа на маратонска трка по три години, од триумфот во Берлин во 2023 година. Со резултатот во Мелбурн, тој го подобри претходниот рекорд на патеката за две секунди.
Настапот е дел од неговата светска турнеја, преку која планира да истрча маратони на сите седум континенти во период од две години.










