Нешто несекојдневно на фудбалските терени и стадиони се случи во саботата во Битола, под “Тумбе Кафе“. Имено играа Пелистер и Тиквеш, а фановите на двете екипи, „Чкембарите“ и „Лозарите“ не само што беа на иста трибина, туку буквално се “измешаа“ и заедно навиваа за двете екипи.
Со ова тие уште еднаш покажаа дека двете навивачки групи и буквално – ЗАСЕКОГАШ СЕ БРАЌА!
Нешто што ретко можете да го видите не само во Македонија, туку и во фудбалскиот свет.
Затоа секоја чест за „Чкембарирте“ и “Лозарите“ кои по мечот беа задоволни зошто немаше победници и поразени, резултатот гласеше 0:0.