Бобан Николов: Зошто пак да не ја победиме Германија?

157

Бобан Николов, еден од нашите најдобри фудбалери, за разлика од септемврискиот циклус, сега е во одлична состојба. Игра добро за својот Шериф Тираспол, колку за потсетување тој беше дел од тимот кој што славеше против Реал Мадрид и тоа на “Бернабеу“.

Николов за дуелот со Лихтенштајн посочи:

Треба да влеземе максимално на овој натпревар. Ни треба целосен фокус, гледате што се случува во фудбалот, секој секого може да победи.Јасно е дека квалитетот е на наша страна, но тоа треба да се покаже на терен. Ни недостига триумф за поголема самодоверба. Многу сакам да им се вратиме на победите“ истакна нашиот играч за врска.

За селекторот Милевски, но и за вториот меч, оној со Германија, Николов изјави…

Видете, секој селектор си има свои идеи, повеќето од нас добро знаеме што бара тој од нас. На минатите три меча одиграме одлично, но сетоа тоа мора да биде победнички. Знаеме што значат овие два меча, со две победи пак си ги зголемуваме шансите за пласман на ЕП, А зошто да не победа над Германија, по вторпат? Јасно е дека ќе ни недостига Барди, тој е еден од нашите најдобри фудбалери. Тука е Ракип, му посакувам добредојде“ заклучи Николов.

ПретходноЕрдал Ракип го одработи првиот тренинг со своите репрезентативни колеги!
СледноИ Ватфорд потврди: Добредојде Клаудио!