ТФТ со победа ја стартуваше сезоната во нашата најквалитетна лига во кошарка. Оваа екипа како гостин славеше со 77-88 (15-27,18-22, 26-22, 18-19) над составот на Кожув, и тоа на негов паркет.
Речиси во текот на целиот меч гостите беа подобар противник, посебно во првата четвртина која ја завршија со 12 поедни разлика. Водството се зголеми во втората, за да потоа Кожув пружи каков – таков отпор. Сепак на крајот убедлив триумф со 11 поени разлика за стартни бодови за тимот на ТФТ.
Најдобар поединец кај победникот беше Хортон со 24 поени, Маслинко реализираше 13, додека кај домашните Граниќ имаше 23 поени.