ПМФЛ: Тиквеш е спремен за одмазда

99

Додека се очекува конечната одлука на ФФМ за случајот “Висдом Окере“, Тиквеш денеска гостува на Чаир кај Шкендија Арачиново во меч од 12.коло на ПМФЛ. Кавадарчани се спремни за одмазда ако се знае дека Шкендија Арачиново е единствениот тим кој успеал во досегашниот дел од сезоната да ги победи. Тоа се случи на 15 август во рамките на 3.коло кога среде Кавадарци со голот на Марко Симоновски тогаш гостите славеа 0:1. Од тогаш па до денеска составот на Оливер Богатинов нема пораз, без разлика дали станува збор за натпревар од првенството или Купот на Македонија.

Дали е време за една слатка одмазда?

Сепак, нема да биде така едноставно за Тиквеш. Шкендија Арачиново си има свои амбиции. Посебно ако се знае дека овој тим влезе во лоша серија на последните четири меча во која има три порази и само едно реми, нема победа од 14 септември и мечот од 7.коло кога славеше со Скопје со 1:0. но треба да се каже дека на овие четири меча тимот од Арачиново играше со Вардар, Шкендија (Т), Струга ТЛ и Силекс.

Токму затоа се очекува интересен меч, за квалитетен ќе видиме ако се знае каков е теренот на Чаир.

Домашниот тим посакува победа, посакува да удри против Тиквеш и да искористи нешто по се она што се случуваше изминатите денови по дуелот во Купот меѓу Вардар и Тиквеш (1:3) и случајот “Висдом Окере“.

ПретходноЛазаров денеска прозива за мисијата Европско првенство 2028!
СледноРој Кин без влакна на јазикот за Манчестер Јунајтед