Според “Спортмедиа“ играч на колото е Кристијан Трапановски, тој е најдобриот меѓу најдобрите во ова 9.коло. И не само што му даде на Работнички, тој вториот со што стави печат на триумфот на својот тим, туку и поради фактот дека одново пружи супер партија.
Покрај него во тимот на колото од Шкупи се и Сегнор, неизбежниот Алварез и секако Сандеј. Денковски беше одличен на голот на Брегалница, Алтипармаковски пак беше стрелец за “сините“ и тоа против Струга ТЛ за три бода. Христијан Димов од Скопје против “пандевци“ беше одличен, како и Наумчевски од Тиквеш во Битола.
Тука се и Серафимовски од Ренова, Дориев и Гури од Шкендија.
ИГРАЧ НА КОЛО
КРИСТИЈАН ТРАПАНОВСКИ
Тим: Шкупи
Роден: 14.08.1999 во Битола
Кариера: А. Пандев, Славија Прага, Татран Прешов, Викторија Жижков, Подбрезова, А. Пандев, Шкупи