ЛШ: “Кралевите“ на гости во Атина, Ливерпул во “пеколот“ во Истанбул (ФОТО)

25
ФОТО:facebook.com/RealMadrid/

Вечерва од 18.45 и 21 часот ќе се одиграат уште девет натпревари од 4.коло во Лигата на Шампионите со што ќе се затвори ова коло. Во недостиг на големо дерби, мечеви меѓу гигантите, интересно ќе биде во Атина и Истанбул каде што гостуваат гигантите Реал Мадрид и Ливерпул.

Жозе Мурињо и “кралевите“ играат против домашбиот состав на АЕК, додека “Редси“ гостуваат во “пеколот“ во Истанбул кај Фенербахче.

Ова е шанса и за Реал Мадрид и за Ливерпул, со евентуални победи, и натаму останат максимални со по “четири од четири“ во победи.

Нема да им биде лесно, но сепак се знае кој е голем фаворит и на двата меча.

Бетис исто така ја “брка“ својата четврта победа, но сепак гостува кај Дортмунд а се знае кој е фаворит на тој натпревар.

Арсенал гостува кај Славија Прага, а Манчестер Сити во Лајпциг.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки за вечерва:

ПретходноФранцуската легенда знае каде доаѓа: Луксембург ќе бара чудо против Македонија!
СледноПрвенец на Дитмир Хоџа во дресот на Лидс