Арис претрпе прв пораз, Нено заврши двоцифрен

82
фото: ARIS B.C. (FB)

Арис на нашиот Ненад Димитријевиќ го претрпе првиот пораз оваа сезона во Еврокупот. Во дуелот на досега непоразените, Хапоел Ерусалим славеше против Арис со 84:73 и ја продолжи победничката низа која сега ги остави сами на врвот на табелата во групата.

Димитријевиќ и денеска беше еден од најдобрите во дресот на грчкиот тим и средбата ја заврши со 10 поени за околу 20 минути поминати на паркетот. Покрај поените зад името на Димитријевиќ има и еден скок и две аистенции.

ПретходноРФМ му се поклони на Маркоски за годините минати во националниот дрес!
СледноЛеклер има убава причина зошто ќе доцни во Бразил!