Македонската ракометна машка пионерска репрезентација денеска извојува тесна но заслужена победа од конечни 35:33 на дуелот против селекцијата на Косово. Истиот се играше во рамките од Регионалниот Челинџ Куп У16, кој се одржува во Подгорица, Црна Гора.
Нашите млади ракометари во текот на целиот меч покажаа капацитет, храброст, тимски дух и секако квалитет, што беше ниво над противникот, и дојдоа до убав триумф.










