ТИМ И ИГРАЧ НА 13.КОЛО: Малески е херојот на Струга ТЛ

77

Се играше 73.минута на дуелот меѓу двете најдобри екипи во моментов во Македонија, кога Малески уште еднаш покажа зошто е репрезентативец, зошто е класа играч, зошто е веројатно најдобриот домашен центарфор во моментов во ПМФЛ. Убаво си се намести и со фантастичен удар со глава го совлада голманот на Шкендија, Гаје и му донесе на својот тим Струга ТЛ победа од 1:0 и три бода со кои сега стружани се перчат на врвот на табелата. Кога ќе решиш едно такво дерби тогаш нема дилеми дека си играч на 13.коло.

Покрај Малески во тимот на колото од Струга ТЛ се и Кола, Фал и Диако. Тука се и Диабате, Закариќ и Тодоровски (Вардар), Наумовски (Скопје), Ренатињо (Тиквеш), Елези (Шкендија Арачиново) и Натаниел (Брегачница).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ХРИСТИЈАН МАЛЕСКИ

Тим: Струга ТЛ

Роден: 04.05.2002 во Струга

Кариера: Струга ТЛ, Брера, Тиквеш, Струга ТЛ

ПретходноПетровски: Мора да бидеме реални дека создавањето конкурентна репрезентација е процес кој бара време и трпение!
СледноВиктор Јанковски и следната сезона ќе го носи дресот на Вардар!