Вечерва од 20.45 часот на “Хемпден Парк“ во Глазгов нашата најдобра фудбалска репрезентација во меч од 5.коло во Б Лигата на Нации во групата 4, ќе и гостува на селекцијата на Шкотска. Денеска е петок -13, па ќе видиме дали овој “баксузен“ ден ќе биде за нас среќен или не. А ако се знае како играме и какви ни се резултатите во последно време ќе забележиме дека ќе ни треба многу голема среќа да постигнеме барем еден гол, за реми или за победа да не правиме муабет.
Кога сме кај дуелите со Шкотска ова ќе биде шести меѓусебен меч и во нив имаме само една победа, едно реми и три порази.
Победата е извојувана под водство на Среќко Катанец на 06.09.2008 година во Скопје кога беше 1:0 за нас со голот на Илчо Наумоски. Тоа беше прва средба со селекцијата на Шкотска, и засега единствена наша победа како што веќе рековме.
Следниот меч, исто во квалификациите за пласман на СП 2010, на гости кога 05.09.2009 бевме поразени со 2:0. Имаме реми на гостување во рамките на СП 2014 кога на 11.09.2012 беше 1:1 со голот на Новески, за да на 10.09.2013 во истиот квалификавциски циклус дома бевме поразени со 1:2. Стрелец на тој гол беше Костовски.
Последниот меч го игравме на 03.10 оваа година во рамките на овој циклус Б Лига на Нации. Бевме поразени со 0:2 со головите на Боуви и МекГин од пенал.










