Бешикташ во посета на Вардар!

826

Како што известуваат од раководството на Вардар, денеска во посета на клубот бил шефот на скаутинг службата на Бешикташ, Бајрам Билим. Покрај другото било разговарано и договорено за долгогодишна соработка меѓу турскиот гигант и нашиот најголем фудбалски бренд.

Којзнае, можеби Бил му “фрлил око“ на некој нов Бесар Гуџуфи, екс вардарец кој од Беласица направи трансфер во “црно – белите“ од Истанбул. Колку за потсетување, трансферот се реализира во време кога актуелното раководство на Вардар тогаш беше на чело на Беласица.

ПретходноХендерсон: Сакав да го убијам Луис Суарез
СледноЃорѓиев „експлодираше“ на големото словенечко дерби со Калцит Камник