Пет натпревари беа одиграни синоќа во рамките на јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во Катар. За првпат од почетокот на квалификациите, Бразил не успеа да забележи победа, откако момците на Тите одиграа без голови (0:0) на гостувањето против Колумбија.
Во текот на целиот дуел, Бразилците имаа проблеми со организацијата на нападите, што резултираше со неможност за посериозна закана кон домашниот гол.
Бразил е убедливо прв на табелата со 28 бода, пред првиот конкурент, Аргентина. „Гаучосите“ раноутринава ја прегазија селекцијата на Уругвај со 3:0 и дојдоа до шестата победа која ги остана на второто место на табелата. Меси, Де Пол и Лаутаро беа стрелци на головите во победата на Аргентина.
Венецуела беше подобра од Еквадор со 2:1 со пресврт, откако гостите први поведоа во 37. минута по пеналот што напаѓачот на Фенербахче, Енер Валенсија го претвори во водство. Мацис, во 45. минута израмни, а Едуард Бело му донесе победа на домашниот тим во 64. минута.
Претходно во првиот натпревар од неделната програма, Боливија победи со 1:0 во Перу, додека во последниот дуел утринава, Чиле, конечно, славеше, овој пат со 2.0 над Парагвај.