ФФМ поради неодговорен гледач може да плати казна од 30.000 евра?

2860

Македонија синоќа на Националната Аерна „Тодор Проески“ беше поразена од Германија со 4-0 во рамките на осмото квалификациско коло за пласман на Светското првенство во Катар следната година.

Во 18. минута од оваа средба еден навивачи од трибините се обиде со ласер да му попречи на Џошуа Кимих да го изведе корнерот. Германскиот репрезентативец на протестираше напротив, без проблем го изведе ударот.

Овој момент влезе во записникот на делегатот на мечот, па сега се големи шансите ФФМ да плати казна поради неодоговрен гледач.

За вакви „инциденти“ казната изнесува 30.000 евра, УЕФА ја изрече за ласерот во очи на данскиот голман Каспер Шмајхел на Европското првенство на дуелот со Англија.

ПретходноМемфис влезе во историјата на холандскиот фудбал
СледноВо Скопје урна рекорд стар повеќе од 100 години