Историски ден за Битола!

261

Кошаркарска Македонија во АБА 2-лига има двајца претставници. Покрај МЗТ Скопје кој е редовен учесник во натпреварувањата под капата на јадранската лига, од оваа сезона ќе настапува и Пелистер.

За Битола ова е историски момент, а новата страница кошаркарската гордост на овој град ќе биде испишана денеска. Тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски и неговите избраници денеска (15 часот) го играат првиот меч во АБА 2-лига, за противник во Златибот го имаат тимот на Ловќен.

И оваа сезона битолчани направија респектабилен тим, со македонски репрезентативци и добро познати странски засилувања. Зад себе имаат одлична серија од две победи во низа, важна за подигање на самодовербата пред стартот на новиот предизвик.

Вториот меч во АБА 2-лига, Пелистер го игра два дена подоцна против Сутјеска.

Вчера МЗТ Скопје сезоната ја отвори со победа, беше подобар од Младост со 97-90.

ПретходноЛевандовски бесен на Баерн – сака да си оди!
СледноВардар 1961 има само два порази од Монпеље, еден во „Јане Сандански“ и еден за историја!