Аутсајдерите испишаа историја на Индијан Велс

187

За првпат во историјата на Мастерс 1000 турнирите од 1990 година, сите четворица полуфиналисти се под 25 место на АТП листата.

Ова се случи на Индијан Велс,  Басилашвили од Грузија го елиминираше Циципас, тој се наоѓа на 36 место, додека Тејлор Фриц кој направи изненадување против Зверев е на 39 место. Овие двајца тенисери ќе играат меѓу себе.

Во втората полуфинална двојка ќе се сретнат Димитров и Нори. Првиот е 28 на АТП листата, додека неговиот противник се наоѓа на 26 позиција.

ПретходноПМФЛ: Кавадарци на нозе, гостува лидерот…дербито во Струмица, а Ренова пред нов триумф!
СледноВМФЛ-ЗАПАД: Силекс нема намера да запре, Воска против Кадино, Вардар го дочекува “фенерџијата“