Седлоски:Дојдовме во Кавадарци по трите бода и ја остваривме целта!

341

Лидерот Шкупи со 1:0 успеа да го победи составот на Тиквеш среде Кавадарци. Се чини на рутински начин момците на стратегот Гоце Седлоски успеаја да дојдат до бодовите и со тоа да ја зачуваат првата позиција на прволигашката табела.

За тоа како го виде овој натпревар, свој коментар има стратегот на чаирчани Гоце Седлоски кој за “Спортмедиа“ изјави.

Искрено од победата сум задоволен. Ние во Кавадарци дојдовме по трите и ја остваривм целта. Од она што го видов во првиот дел можам да бидам задоволен, сепак не сум задоволен од некои 20-30 минути од вториот дел. Од друга страна треба да се знае дека и Тиквеш е добар тим, не заслужува да е таму каде што е на табелата. На крај да резимирам дека најважни се три бода за Шкупи“ истакна Седлоски.

ПретходноСкопје и Пролет само рутинска задача за Е.Пелистер и Вардар
СледноМагдевски и Плоешти поразени во дебито, Рајковиќ победнички во ВТБ-лигата