Уште една одлична партија на Брегалница на свој терен, уште еден фудбалски блесок на Марјан Алтипармаковски. Сосема доволно за победа од 4:1 против Македонија ЃП. Момците на стратегот Марјан Секуловски одиграа навистина добро и успеаја да ја “скршат“ екипата од Ѓорче, екипа која тоне ли тоне на табелата.
Секако, одново во главна улога беше искусниот Марјан Алтипармаковски, кој попладнево постигна два гола, па така сега со седум голови е трет на листата на стрелците во ПМФЛ, веднаш зад Мирчевски и Селмани.
Брегалница покажува и докажува дека сезонава има високи амбиции, и тоа како високи. Имено сега се наоѓа на 4.позиција на табелата, со два помалку од А. Пандев и три од втората Ренова.
Дали ова е знак дека Брегалница, полека но сигурно ја “мерка“ и Европа?