Струга ТЛ е во мала резултатска криза. Нема победа на последните мечеви, а во сабота против Борец не успеа докрај да ја исконтролира средбата и на крајот мечот заврши со 1:1 во 10.коло во ПМФЛ.
Денеска стружани одново го дочекуваат Борец, но сега во 1/8 финалето во Купот на Македонија.
За тоа какви се очекувањата на стружани говори младиот првотимец Бесир Рамадани…
“Не очекува тежок натпревар. Максимално сме мотивирани и сконцентрирани за денешниот дуел со Борец. Не криеме, одиме на победа и сакаме пласман во следната фаза од ова натпреварување. Верувам дека добро сме ја анализирале играта на Борец, со цел да не се повтори она од саботата, кога велешани не казнија пред крајот на мечот. Сега нема да ги оставиме работите за на крај од натпреварот да се решаваат“ изјави за клупската интернет страница Бесир Рамадани.