1/8 финале куп на Македонија: Шкендија ја „растури“ Ренова, Шкупи сигурен против Тиквеш, пенал серии како никогаш до сега

1318

 

Штотуку заврши сите мечеви од 1/8 финалната фаза од националниот куп на Македонија во која имаше неколку интересни и неисвесни мечеви до самиот крај.

Оаа фаза дефинитивно ја одбележаа оенал сериите, затоа што истите се изведуваа во Скопје, Струмица, Струга и Битола.

Првенствено и без многу мака, Шкендија ја „сотре“ Ренова во Тетово со високи и убедливи 5:0. Стрелци на головите Мерџани, и Шала односно Хебај по два пати.

Брегалница немаше поголеми проблеми со Охрид на домашен терен, и победи со 4:0, додека пак бранителот на титулата во Купот, тимот на Силекс со головите на Митев, Стојчевски, Танушев, Спиркоски во Струмица ја совлада Беласица со конечни 2:4.

Академија ПАндев пак, минатогодишниот финалист, се прости од купот сезонава, откако на домашен терен загуби од Македонија ЃП по подоброто изведување на пеналите.

Струга на потешкиот начин против Борец

Со многу мака, и проблеми, тимот на Струга Трим Љум успеа со конечни 5:4 на пенали, регуларни 1:1, да го елиминира тимот на Борец. Промашија Зарате и Стојменовски за Борец, Јахја за Струга, а погоди кога најмногу требаше Бесмир Бојку.

Шкупи со голот на Матеј Цветановски обезбеди следна фаза против Тиквеш на домашен терен.

Вардар го елиминираше Скопје, Пелистер го „поништи“ Работнички

Вардар и СКопје одиграа 0:0 на Борис Трајковски во регуларниот дел од мечот, за потоа Вардар обезбеди следна фаза по пенал серијата која ја доби со 4:2. Конечно, во Битола регуларните 0:0 ги одведоа Пелистер односно Работнички во пенал серија, а таму домашните поуспешни со 5:4. Филип Бошковски во „стилот“ на Лионел Меси во последната серија, со таканаречената „Паненка“ им донесе на Битолчани 1/4 финале во купот.

 

Академија Пандев – Македонија ЃП 1:1 (на пенали 4:5)

Брегалница – Охрид 4:0

Пелистер – Работнички 0:0 (на пенали 5:4)

Шкендија – Ренова 5:0

Тиквеш – Шкупи 1:0

Вардар – Скопје 0:0 (на пенали 4:2)

Беласица – Силекс 2:4

Струга Трим Љум – Борец 1:1 (на пенали 5:4)

 

ПретходноВардар во познат состав против Алборг, Али Сафар наместо Ристовски (СОСТАВИ)
СледноКудијан: Со прв допир на топка по три месеци постигнав гол