Енис Барди конечно ја санира повредата поради која одуствува извесно време и поради која ги пропушти мечевите како за својот тим, така и за репрезентацијата против Лихтенштајн односно Германија, и викендов би требало да се најде во составот на Леванте за дуелот против Севиља на гости.
Барди се повреди на мечот против Романија на Арената во месец септември и оттогаш нема настап. Денеска конечно издржа еден полн тренинг заедно со остатокот од екипата и се даде зелено светло за негов настап.