Јувентус минатата сезона влезе во големи проблеми. Момците кои ги предводеше Андреа Пирло играа лошо, па Интер ги симна од тронот, а Кристијано Роналдо ова лето одлучи да се врати во Манчестер Јунајред.
Полека, по неговото заминување од италијанскиот тим на пвршина испливуваат детали од деновите минати во Торино и влијанието кое го имал врз тимот.
Целата ситуација дополнително ја објасни италијански „Тутоспорт“ кој изнесе непознати факти и проблеми.
„Роналдо не се трудеше многу во одбраната и никогаш не се прилагоди на тимскиот дух. Постојано ги кршеше правилата во соблекувалната, која секогаш се водеше според принципот на еднаквост, единство и понизност. Играчите почнаа да чувствуваат дека законот не е ист за сите, а тоа се виде и на теренот и надвор од него“, пишува италијанскиот весник.