Седлоски: Им благодарам на навивачите на поддршката!

386

Шкупи продолжува со победничката серија. Денеска во дербито против Ренова, успеа со 2:1 да слави нов триумф. Ова е петиот триумф по ред за момците на стратегот Гоце Седлоски, кој после мечот за клупската интернет страница ја даде следната изјава.

Сакам да им се заблагодарам на играчите кои дадоа се од себе. Од наша страна овој натпревар беше одлично одигран, можевме да постигнеме гол уште во првиот дел со оглед на тоа дека имавме неколку шанси. Сепак не смееме да заборавиме дека игравме против една силна Ренова. Многу сум среќен по оваа победа. Секако дека сакам да им се заблагодарам на навивачите на поддршката“ посочи Седлоски.

ПретходноВардарки убедливи против Приштина до третата рунда во Европскиот Куп
СледноДопрва има што да покажат: Металург го демолираше Охрид на гости!