Пелистер на саботниот меч од 12.коло против Македонија ЃП во Битола, не ќе може да смета на својот прв тренер Димитар Капинковски. Тој е под суспензија од еден натпревар па затоа тимот на Пелистер на овој важен меч за битолските „зелени“ ќе мора да го води некој од неговите помошници.
Шефот на струката на Пелистер на последниот меч и тоа против Брегалница, кој го загуби си 0:3, од судијата Јован Качевски прво добил жолт, а потоа и црвен картон. Па затоа сега ќе мора да “одлежи“ еден натпревар.