Вајли го доби дуелот со Димитријевиќ

78

Македонското дерби во Еврокупот му припадна на Џејкоб Вајли, кој со неговиот Будуќност на домашен терен го совлада составот на Валенсија, чиј дел е Ненад Димитријевиќ, со минимални 71-70.

За црногорскиот состав ова беше втора победа во низа, додека за шпанскиот тим прв пораз.

Будуќност и Валенсија приредија одлична претстава, која домашните кошаркари ја добија во драматична завршница благодарение на добрата игра токму во последната четвртина.

Вајли беше стрелец на осум поени, осум скока и две асистенции, на другата страна Нено запиша два поени, два скока и една асистенција.

ПретходноДимитриевски ја откажа Барса, Рајо запиша огромна победа (видео)
СледноДибиров и Томовски блескаат, Вардар води со 13-10 против Кил