Тимот на Реал Мадрид киксна на дуелот со Осасуна во 11. коло на шпанската Ла Лига. „Кралевите“ неочекувано одиграа без голови против Осасуна во меч во кој имаа доминација и многу шутеви но ниту еден не завршни во мрежата. Гостите цврсто се бранеа, немаа ниту еден директен удар на голот на гигантот но освои бод.
Ова е првпат после 2005 година Осасуна да грабне бод од „Сантијаго Бернабеу“.
Реал и покрај ремито е лидер со 21 бод, исто колку што имаат Севиља, Бетис и Сосиедад кои имаат послаба гол разлика. Осасуна е на шестото место со 19 бода.