Фудбалската асоцијација на Јужна Америка (CONMEBOL), објави дека нејзините членки на чело со велесилите Бразил односно Аргентина ќе го бојкотираат евентуалното носење одлука светските првенства да се играат на секој две години наместо на досегашната праска на секој четири.
„Нема никаква причина тоа да се случи. Нема никаква причина да се прифати предлогот на ФИФА. Тоа е негирање на речиси стогодишна светска традиција. Досегашниот модел се покажа како исклучително едикасен и нема потреба од менување. Доколку овој предлог биде усвоен и стапи на сила, членките на CONMEBOL, нема да учевствуваат на таквото натпреварување“ – стои во соопштението.
ФИФА неодамна најави вакви промени, и тоа на чело со Арсен Венгер, главниот заговарач на оваа идеја, а и европските членки не покажаа премногу афинитет спрема овој предлог.