Љама поразен од некогашниот светски младински првак

113

Македонскиот боксер, Јасир Љама не успеа да дојде до нова победа на Светското првенство во Белград, тој во втората рунда беше поразен од Узбекистанецот Абдулмалик Халоков.

Халоков кој е младински светски шампион во бантам од 2018 година беше подобар од македонскиот боксер со 5-0 по едногласна одлука на судиите. Љама се натпреварува во категоријата до 60 килограми.

Претходно нашиот боксер со победа го започна ова првенство и тоа со триумф од 5-0 против Фабио Росели од Сејшели.

ПретходноГвардиола за Барселона: Не е до тренерот, туку до играчите!
СледноБитолчани убедливо низ Автокоманда