Солскјер: Роналдо е нашиот Мајкл Џордан

308

Втор пат во три дена, Кристијано Роналдо го спасува Манчестер Јунајтед, а особено неговиот тренер, Оле Гунар Солскјер.

По срамниот дебакл од Ливерпул (0-5) на домашен терен пред десет дена, се чекаше првиот кикс за промена на тренерското име. Се чинеше дека тоа ќе биде скор, особено на тешкиот распоред, но Оле има спасител во името на Роналдо. За викендот кај Тотенхем постигна и намести еден гол за 3-0, а три дена подоцна поточно вчера во Бергамо во судиското продолжение донесе реми 2-2 против Атланта во Лигата на шампиони и одново го спаси својот тренер.

По завршување на оваа средба самиот Оле призна дека Португалецот е спасител: „Кристијано за Јунајтед е она што Џордан беше за Чикаго Булс“.

Роналдо постигна пет од осум голови на Јунајтед во Лигата на шампиони, неговиот тим е на првото место.

ПретходноМЗТ со реакција по суспензијата на Грнчаров и паричната казна: Ова го нема ниту во Северна Кореја!
СледноЛокалните избори и спортот!? Време е за ревизии, „метли“, откази…