Интересен момент на мечот меѓу Вардар и Кораби попладнево на ФФМ. Имено актуелниот селектор на У-21 селекцијата на Македонија, Драган Канатларовски-Цапар, од ложата го следеше мечот на својот некогашен клуб и како играч и како тренер. Не знаеме дали и тој посакуваше победа на “својот“ Вардар, но таа дојде дури во 90.минута и тоа со голот на Петар Љамчевски.
Факт е дека попладнево на ФФМ, сите Вардарци и тоа како се “тресеа“ за резултатот на овој екстра значаен меч за нивниот омилен клуб. Малку, сосема малку недостигаше Кораби да го шокира Вардар.