Енур Тотре доби повик за Ерменија и Исланд

399

Покрај Дориан Бабунски кој дополнително по отказот на Адис Јаховиќ е повикан од страна на селекторот Благоја Милевски за претстојните квалификациски мечеви против Ерменија на гости односно Исланд на домашен терен, во националниот тим шанса ќе добие и Енур Тотре.

Играчот на Тирана добива дополнителен повик, а тој веќе има сениорско искуство за репрезентацијата на Македонија во дуелите од Лигата на Нации.

Со ова се комплетира составот за дуелите против Ерменија односно Исланд, а официјалната прозивка е денеска во хотел Хилтон во 11:00 часот.

ПретходноСрѓан Ѓоковиќ: Србин е најдобриот спортист на сите времиња (ВИДЕО)
СледноТИМ НА 13.КОЛО: И повторно маестралниот Мартин Мирчевски…