Ашковски: За нас дуелите со Ерменија и Исланд се многу значајни!

160

Стефан Ашковски, нашиот репрезентативец за дуелите со Ерменија и Исланд, со кои ги завршуваме квалификациите за пласман на СП во Катар, е оптимист и очекува две победи. Притоа напоменува дека овие два меча се многу значајни за Македонија, за нашата најдобра фудбалска репрезентација.

Секако дека овие две средби за нас ќе бидат многу значајни. Се надевам дека со добра игра ќе извојуваме две победи“ напоменува тој.

И на Ашковски добро му е познато дека некои работи во врска со баражот не зависат само од нас…

Се знае дека не зависи се од нас, но ние ќе дадеме се од себе да победиме и да се претставиме во најдобро светло. Да бидеме како едно, сплотени, да играме офанзивно, ќе биде добро. На последните меча малку среќата не беше со нас, но се надевам дека ќе ни се врати на претстојните два дуели“ истакна Ашковски.

ПретходноМиовски: Имаме теоретски шанси за баражот, да се надеваме…
СледноЛуда сцена во БиХ: За 5 евра почнал да навива за противничкиот тим!