Националите слетаа во Скопје, во 15:30 часот тренинг на ФФМ!

434

Нешто пред 12 часот експедицијата на нашата фудбалска репрезентација слета на скопскиот аеродром. Во одлично расположение, а како и не би кога синоќа среде Ереван ја “потопивме“ Ерменија со 5:0 и со оние 0:0 од Букурешт сега баражот ни е на дофат.

Сепак дека ништо уште не е готово, дека нема време за некоја си еуфорија, доказ е и потегот на селекторот Благоја Милевски кој за попладнево во 15:30 часот закажа тренинг. Мора уште денеска да се мисли на Исланд, на дуелот во 18 часот кој мора да се добие ако сакаме да играме во баражот за пласман на СП во Катар 2022 година.

ПретходноДенеска осум меча во квалификациите – дербито е Италија-Швајцарија
СледноДесниот бек на Голден Арт ја продолжува својата кариера во Германија