Македонија ќе се бори за бронза на „Трофеј Белград 2021“

367

Селекцијата на Македонија ќе се бори за третото место на  18. фудбалски турнир „Трофеј Белград 2021“ што се одржува на Ада Циганлија. Селекцијата на Македонија го отвори турнирот со победа над селекцијата на Сараево со 1:0 со гол на Горазд Ристовски. Потоа тие се соочија со селекцијата на Војводина и изгубија со 1:2.

Па така нашите фудбалери не се најдоа на завршницата. Таму ќе играат селекцијата на Војводина и селекцијата на Белград, додека Македонија ќе игра против селекцијата на Софија за третото место.

ПретходноЛудиот Ибра: Ова се моите резултати од денешните прегледи
СледноМитревски и Порто станаа шампиони – ја посветија титулата на Кинтана