ШАМПИОНОТ ОСТАНА НЕПОРАЗЕН ДОМА: МЗТ Скопје по голема драма го урна Гостивар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

154

Дербито на осмото коло во Првата лига меѓу МЗТ Скопје и Гостивар ги оправда очекувањата, во СЦ „Јане Сандански“ двата тима одиграа одличен натпревар. Победата отиде на контото на актуелниот македонски првак кој славше со минимални 78-75 за седми триумф во низа. На овој начин „сино-белите“ останаа непоразени на свој терен и по четвртата средба.

Шанса за победаа имаа и гостиварци, но не се снајдоа најдобро во пенал завршница. Крстевски и Вер со по 19 поени го предводеа својот тим, на другата страна Ворку имаше трипл-дабл од 23 поени, 11 скока и 11 асистенции.

Актуелниот македонски првак беше подобар во првата четвртина. Гостите само на почетокот поведоа, а потоа домаќинот со серија од 11-2 поведе со 23-14. Избраниците на Дарко Радуловиќ влегоа во турбо ритам, набрзина во втората четвртина дојдоа до двоцифрено водство од 31-17, по кое целосно паднаа.

РАДУЛОВИЌ БЕЗ РЕШЕНИЕ ЗА ВОРКУ

Се разиграа гостиварци, предводени од Ворку и Тодоровиќ брзо ја стопија позитивата на МЗТ Скопје. Направија серија од 16-2 и израмнија на 33-33 пред полувремето. Ова беше период во кој МЗТ Скопје промашуваше и чисти зицери. И покрај ова предноста на одморот беше 37-36.

КРСТЕВСКИ НАЈДОБАР КОГА Е НАЈПОТРЕБНО, ВОРКУ ЈА ОДРЖУВАШЕ ТЕНЗИЈАТА

И во третиот период видовме изедначена битка, во која домашниот тим имаше минимална предност која буквално не даваше гаранција за ништо. Бојан Крстевски по само четири минути игра во последниот период успеа да ја зголеми предноста на 64-55. Гостите во овој дел застанаа, реализацијата не одеше најдобро.

Ворку заедно со Тодоровиќ одново беа причина за нов кам-бек на гостиварци, израмнија на 64-64 во 36. минута. Вер „проработе“ на време, беше лидерот кај МЗТ Скопје, додека Ворку на другата страна, двајцата влегоа во серија.

Македонскиот репрезентативец, Крстевски беше најдобар кога беше најпотребно, постигна три поени (два плус еден) за 75-69. Но, наместо помирна завршница, Вер направи намерна лична грешка. Ворку искористи и погоди две слободни за 75-73, но Тодоровиќ не погоди за изедначување и голема драма.

ПЕНАЛ ДРАМА….

Во финишот се влезе во серијата на изведување на удари од линијата за слободни фрлања. Тука нешто подобар беше домаќинот.

Мекиќ прв ја отворија серијата, погоди само едно од двете слободно фрлања, а на 17. секунди до крајот Гостивар направи намерна лична грешка, Стојановски искористи само едно слободно за 76-73. Јанески одигра паметно, промаши едно од двете слободни фрлања, но Тодоровиќ не успеа да ги погоди двата „пенали“ за драма. На осум секуди до крајот беше 76-75, Стојановски ги постави конечните 78-75.

Претходно Кожув ја продолжи добрата серија, го совлада вториот тим на МЗТ Скопје со убедливи 104-92.

ПретходноЧави пред дебито: Фановите треба да ја поддржат Барса и кога не победува!
СледноЕ.Пелистер како фурија низ Прилеп